Поранешниот претседател на нашата земја, Борис Трајковски кој трагично го загуби животот во хеликоптерска несреќа беше единствениот претседател кој се сретнал лично со кралицата Елизабета втора.
Нивната средба се случила во 2000-та година, кога Трајковски заедно со својата сопруга бил во посета на Лондон и Обединетото Кралство.
Фотографијата која ја постираше неговата ќерка е доказ за нивната средба на која малкумина се сеќаваат особено по 22 поминати години.
Инаку претходно објавивме и дека новиот крал на Англија, принцот Чарлс бил во посета на Македонија во 1998-та година кога се сретнал со претседателот Киро Глигоров, но и со музичарот Влатко Стефановски.