четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Тошковски: СДСМ се обидува да ја сокрие вистината која ја слушнаа сите, како Заев вели дека под негова команда се Јанева и Врховниот суд

Тошковски: СДСМ се обидува да ја сокрие вистината која ја слушнаа сите, како Заев вели дека под негова команда се Јанева и Врховниот суд

ВМРО-ДПМНЕ е должна пред граѓаните на Република Македонија да ја обелодени вистината која што пристигнува до нас од страна на голем број на укажувачи, кои се сведоци на криминал од изминатиот период. ВМРО-ДПМНЕ преку Антонио Милошоски ги обзнани на јавноста снимките до кои што дојде, веднаш штом дојде до истите, во кои што поранешниот премиер Зоран Заев јасно и експлицитно вели дека без него не се може ни во обвинителството ниту во судството. Самиот во снимките кажува дека под негова команда работат и Катица Јанева и Врховниот суд. Ако ова не е од интерес да го чујат граѓаните на Македонија, не знам што би било од интерес да чујат. Не знам навистина зошто СДСМ се бори да сокрие ваков скандал, ваква вистина што ја слушнаа сите граѓани, изјави Панче Тошковски дел од правниот тим на ВМРО-ДПМНЕ во вечерашната емисија “200” на Алсат М телевизија.

Според Тошковски, СДСМ ќе си замине од власта како и што дојде до неа.

-Нашиот народ е мудар. Има една изрека која што вели кој како дошол, така ќе си оди. Знаеме како СДСМ дојде на власт, и повеќе од очигледно е како ќе си замине од власт. За помалце од 50-тина дена имаме избори, 12-ти април, еве каде е и на сите ни е јасно кој ќе биде резултатот на тие избори. Сите чекаме да се заврши еднаш за секогаш спроведување политики за личен интерес, конечно ќе се заврши со тонење на Република Македонија со корупции и криминали и конечно ерата на транзициони политичари ќе заврши, посочи Тошковски.

Најнови вести