И оваа година продолжува традиционална хуманитарна акција на ОК Ѓорче Петров за донација на храна и облека во народната кујна на црквата Св. Петар и Павле во Ѓорче Петров.
-Ни се придружи и Генералниот секретар на ВМРО – ДПМНЕ г-дин @Ѓорѓија Сајкоски. Да помогнеме на тие што немаат, на тие што им треба. Доаѓаат празници, мигови за најблиските, со нашите скромни можноси да му го олесниме или разубавиме тој период некому. Секогаш ќе бидеме тука да помогнеме, бидејќи тоа е наша обврска, а овие акции ќе продолжат и во иднина, напиша пратеникот Бојан Стојаноски.