вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

„Траекторија“: Груевски и Јанакиески се бореле да ја намалат цената на градба на автопатот и да градат повеќе македонски фирми

„Траекторија“: Груевски и Јанакиески се бореле да ја намалат цената на градба на автопатот и да градат повеќе македонски фирми

Денес се одржа продолжение на судскиот процес наречен „Траекторија“, а поврзан со изградбата на автопатиштата Скопје – Штип и Кичево – Охрид. Најголем дел од разговорите се технички разговори помеѓу Миле Јанакиески и вработени во секторот транспорт.

Како и на минатото рочиште и денес, од разговорите може да се заклучи дека владата, тогашниот премиер Никола Груевски, министерот Миле Јанакиевски и другите вклучени правеле максимум да ја намалат цената за градба на градежната фирма од Кина, а во корист на Република Македонија, да влезат македонски градежни фирми и да добијат повеќе работа и финасии, да не добијат само ,,трошки“, а најголем дел од заработката да ја земе кинеската фирма, и што побрзо да се реализираат сите постапки.

Ова го нагласува и Груевски во разговор со Јанакиески, обрнувајќи внимание да се делува на Кинезите да не ги притиснат македонските градежни фирми да работат за многу мала заработка и да се издејствува што повеќе работници кои ќе го градат патот да се од Македонија, а помалку од Кина.

Сите наводни разговори или се во корист на обвинетите или немаат никакво посебно значење бидејќи се од технички карактер. Присутните од јавноста меѓусебно коментираа дека од разговорите се сфаќа дека целиот тим на Груевски навистина многу работеле.

Инаку и на денешното рочиште се регистрираа погрешни преводи на СЈО, но и погрешно напишани зборови на транскриптите од кои како и на минатото рочиште повторно имаше некои кои ако не ги забележеше одбраната ќе беа незаслужено во нејзина штета. Повторно имаше работи кои повеќе личат на обид за подметнување од страна на СЈО, отколку техничка грешка.

На пример фразата ,,provisional sum,, СЈО ја превел како провизиона сума, што може да создаде перцепција дека имало некаква провизија, наместо како што е вистинскиот превод ,,приближен износ“.

Ова предизвика негодување и реакции кај одбраната, а обвинителката се правдаше дека транскриптите се само помошно средство. Одговорот на тоа беше дека иако се помошно средство сите вклучувајќи го и судот се потпираат на транскриптите, и дека може да бидат доведени во заблуда.

Најнови вести