среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Трајчевска: Додека Битола е еден од најзагадените градови во Европа, а граѓаните се гушат во смог, градоначалничката Петровска и нејзините директори се луксузираат со народни пари

Трајчевска: Додека Битола е еден од најзагадените градови во Европа, а граѓаните се гушат во смог, градоначалничката Петровска и нејзините директори се луксузираат со народни пари

Додека битолчани се гушат во смог, а Битола е еден од најзагадените градови во Европа, Наташа Петровска и нејзините директори се луксузираат со народни пари. Прашуваме дали е вистина дека за јубилејната прослава на јавно претпријатие „Водовод“, кое е под капата на Петровска, СДСМ потроши не помалку туку 15 илјади евра, пари на граѓаните за алкохол, пијалоци и храна?, истакна Елена Трајчевска, член на Совет на Општина Битола и член на ОК Битола.

-Имено неодамна и јавното претпријатие „Стрежево“ исто така се почасти со луксузна јубилејна прослава и тоа со виски, бајадери и други луксузни додатоци што можеа јасно да се видат од фотографиите кои излегоа во јавноста. Па јавно го прашуваме Директорот на ЈП „Стрежево“ дали овие луксузи се исто така платени со парите на граѓаните и колку народни пари беа потрошени за оваа луксузна забава?, запраша Трајчевска и додаде:

„За скандалот да биде уште поголем, директорот на ЈП „Водовод“ ја вработил сопругата на својoт колега од ЈП „Стрежево“ како водоинсталатор. Граѓаните се прашуваат колку реално сопругата на директорот ќе ја извршува оваа функција или пак ова е уште едно од многуте непотистички сценарија на Петровска и СДСМ? Петровска и институциите со кои управува повеќе од една година не се грижат за граѓаните на Општина Битола, Петровска и нејзините директори не спроведија ниту еден значителен проект за граѓаните да го подобрат нивниот квалитет на животот затоа бараме веднаш да сносат одговорност за погубните политики кои ги спроведуваат“.

Најнови вести