среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Општини

За Битола неминовни и вонредни локални избори- и со овој ребаланс за Битола ништо

За Битола неминовни и вонредни локални избори- и со овој ребаланс за Битола ништо

Ако буџетот е огледало на власта или попрецизно огледало на нејзината работа, најважно е тој да биде подготвуван и извршуван правилно според најголемите потреби идентификувани од жителите на општината. На овој начин, целиот буџетски процес е демократски, а локалната власт има резултати. Важноста на квалитетното буџетирање односно адекватно подготовка и извршување на буџетот е дотолку поголема, ако се знае фактот дека и нема локална самоуправа во Македонија која има доволно средства за подмирување на потребите на граѓаните и стопанството. Оттаму, од егзистенцијална и развојна важност за општините и градовите е тие ограничени средства што поправилно да ги алоцираат, ова на седницата на Советот на општина Битола го истакна Анита Ангелевска советник од ВМРО-ДПМНЕ.

-Буџетот, првенствено мора да обезбеди, покрај другото, функционирање на државата на локално ниво односно остварување на правата на граѓаните во локалната самоуправа барем на минимално ниво. Тоа, за жал го немаме во овие две години со СДСМ и Наташа Петровска, дефинитивно, ниту еден проблем на граѓаните не е решен. Оваа локална власт, нема во овие две години изработено никава проектна документација, а се откажуваат веќе склучени договори. Еве ги бројките: – Ф1 Урбанистичко планирање реализација само 1% -ГД Проекти за енергетска ефикасност 2,3 % -ЈА Изградба за јавно осветлување 1,28 % -ЈД Изградба и реконструкција на локални патишта 19.48 % -ЈИ Изградба на атмосферска и фекална канализација 12,01 % -Р1 Заштита на животна средина 16.66 % Овие подрачја опфаќаат дел од најгорливите проблеми на граѓаните на Битола, градот е нечист и во темница, треба значителна акција во делот на атмосферската и фекалната канализација, а за улиците да не зборуваме, цели две години направена само една улица во должина од 200 метри. А, заштитата на животната средина е тема која беше една од најмоќните манилупации на СДСМ и Наташа Петровска во освојувањето на власта, за која сега пак не само што ништо не преземаат туку упорно и натаму ги манипулираат граѓаните, а Битола е во најзагадените 5 градови во Државава, вели таа.

Ангелевска вели дека лошото работење и лошото планирање се гледа и во остварувањето приходи од данок на имот за цели 26.000.000,00 денари односно намалување на планираните приходи за 426 илјади евра. Со ребалансот се намалуваат и планираните капитални приходи од 54.255.000,00 денари на 33.050.000,00 или има намалување за високи 40%.

-Од друга страна Општината се задолжува со милион евра за купување на 4 возила – по 250 илјади евра по возило. Но, затоа пак се сетиле, кредитот да го земат со грејс период, па долгот да го враќа следната локална самоуправа и новиот градоначалник, по завршувањето на мандатот на Наташа (ако трае четири години, не дај Боже). Но, за да прикажат каква таква просечната ставка на реализација на вкупниот буџет од 50% добро се потрудиле во остварувањето на непродуктивните трошоци – процент на реализација 84,82 од стапката 425 – други договорни услуги, односно фантастични 1 и пол милион евра. Инаку, разбирливо е, а и практика е во текот на годината да се јави реалната потреба од ребаланс на буџетот, да се синхронизираат проходите и расходите, како и да се интервенира во итни ситуации. Но, оваа година, неколку пати е правен ребаланс на буџетот, а постојано се променуваат програмите, што е потврда на лошото планирање, незнаењето да се работи, стихијата која сега само се засилува со приближувањето на датумот на предвремените парламентарни избори. Со ваква лоша локална власт, со толку неспособна градоначалничка, во Битола се неминовни и вонредни локални избори. Тоа е најмалку, што Битола го заслужува!, завршува Ангелевска.