Од возачите во Македонија 80 проценти барем еднаш во животот возеле под дејство на алкохол, а пет отсто тоа го прават чето, покажало истражувањето на Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот и патиштата РСБСП.
Статистиката покажала дека во 2018-та година во сообраќајни незгоди загинале 129 лица, во 2017 година 155, а во 2016 загинале 165 лица.
Од РСБСП информираат дека околу 6.000 во сообраќајки се повредени секоја година.
-Оние пет проценти кои често возат пијани заслужуваат секаква осуда. За нив дефинитивно само големи казни, одземање на возачката дозвола и исклучување од сообраќајот, не привремено како што налага Законот (максимум 12 месеци), туку и трајно (со измена на законската регулатива). Нив слободно можеме да ги наречеме: несовесни, неодговорни, недостојни, непримерни возачи, па и личности. Тие претставуваат голема опасност за безбедноста во сообраќајот и за животот и здравјето на сите учесници во сообраќајот. За ова, сите се сложуваме, нагласуваат од РСБСП.
Според нив, опасни возачи се и оние 80 проценти кои барем еднаш возеле пијани и дека и тие се несвесни подеднакво како оние кои чето управуваат возило под дејство на алкохол.