петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Трчајќи на избори за прв човек на Штип по цена на животот на граѓаните, Заев заборави на отчетот за 100 дена

Трчајќи на избори за прв човек на Штип по цена на животот на граѓаните, Заев заборави на отчетот за 100 дена

Здравствена, економска, политичка криза, изневерени очекувања, неисполнети ветувања, протести, револт и загуби беа настаните кои ги одбележаа првите 100 дена од старо новата влада на СДСМ и премиерот Зоран Заев.
Изминатиот период не беше воопшто мирен за граѓаните, а ниту пак за власта. Ниту корона пандемијата не беше доволна причина за граѓаните да седат дома, туку напротив големото незадоволство и револт, како и недоверба предизвикана од власта, беа причината за граѓаните да излезат на улиците и преку мирни собири да протестираат против погрешните политики на власта.

Незадоволството најпрво се појави кај земјоделците од Тиквешијата, кои поради ниските цени и лошиот пласман на грозјето, ги изнесе лозарите на протест револтирани од немањето слух на власта за решавање на нивните проблеми. Лозарите се жалеа дека оваа е најлоша година за нив, посочувајќи дека ниту едно од ветувањата кои владата на СДСМ и премиерот Заев ги дадоа уште во 2016 година не го исполнија. Она што најмногу ги загрижуваше е што нивниот труд се откупуваше за 2 денари килограм грозје, а лозарите беа приморани грозјето да го фрлаат на буништата во знак на револт бидејќи државата и властите немаа слух за нивните барања кои ги доставија до властите.

Слична беше состојбата и со тутунарите, кои деновиве излегоа на протест бидејќи годинава цената на титинот е историски најниска, а еден килограм тутун чини колку една кутија цигари. Тутунарите велат дека измените на Законот за увоз на тутун кој што го направи власта е една од причините за ваквата лоша состојба со ниската цена и лошиот пласман.

Владата на СДСМ во првите 100 дена ја покачија цената на електричната енергија, па тоа беше и доволен повод за опозициската ВМРО-ДПМНЕ да излезе на протест против ваквата одлука која според нив е одраз на недомаќинско работење на власта на грбот на граѓаните, укажувајќи дека власта наместо да им го олеснат животот во време кога се случува економска и здравствена криза, кога се поголем број на граѓани остануваат на улица, им создава дополнителни давачки и трошоци на граѓаните, додаваји дека Република Македонија е единствената држава во светот која ја поскапува цената на струјата за 7,4 проценти што директно удира врз стандардот на граѓаните.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ протестираше и за високот ниво на загаден воздух во главниот град, но и во Битола, Струмица, Куманово и Тетово, порачувајќи дека поради неспособноста на власта и Заев, граѓаните се изложени на опасност, барајќи ослободување на хронично болните и бремените жени од работа во државниот и приватниот сектор.

Пропаѓање на Еуростандард Банка во првите 100 дена од владата на СДСМ и премиерот Заев, беше доволна причина за граѓаните да излезат на протест пред Народна Банка барајќи нивно обештетување за огромните суми кои што ги изгубија.

Граѓаните, бара од државата целосно да се обеѓтетат, а потоа државата парите да си ги земе од стечајната маса. Но, власта ниту за нив немаше слух, а ова пропаѓање фрли огомна црна дамка врз работењето на Народна банка, но и врз власта на СДСМ за можен криминал.

Проблемот за вработените од прилепската компанија Еурокомпозит и по три ипол години се уште чека да биде решен, а граѓаните и понатаму мака мачат со животната егзистенција, оставени сами на себе. Имено, вработените од некогашната гигантска фабрика со над 1800 вработени, а сега само 50тина вработени чекаат исплата на своите плати. Преку блокирање на патниот правец Прилеп Плетвар на излезот од градот го изразија својот револт бидејќи како што рекоа власта сосема ги заборавила, па во Буџетот не предвиделе ставка за исплата на заостанатите придонеси иако за таквата исплата имало законско решение донесено пред една година токму во собранието.

Власта на СДСМ успеа да ги разгневи дури и музичарите и бендовите, кои на почетокот на месец октомври пред владата излегоа на протест бидејќи поради заостерените рестриктивни мерки од ковид паднемијата се оневозможени да настапуваат во угостителскиот објект, жалејќи се дека подолго време се оставени на работ на животна егзистенцијаа владата тотално ги заборавила.

Се одржаа и неколку други протести меѓу кои протестот на полицијата поради лошата состојба во Министерството за внатрешни работи, протест на пожарникарите на град Скопје боради неисплата на дотациите, протест на граѓаните на општина Ѓорче Петров и Кисела Вода против урбанискичката мафија и неконтролираното градење.

Најголем протест одржа ВМРО-ДПМНЕ, за оставка на Зоран Заев откако Бугарија стави вето на првата меѓувладина конфереција за почеток на преговорите на Македонија со Европската унија, но и по изнесените ставови на Заев за бугарската национална агенција БГНЕС откако изјави дека Гоце Делчев е заедничка историска личност.

Протести се одржуваа и во над 20-тина градови ширум државата секојдневно, а масовното присуство на граѓаните, само го потврдуваше незадоволство на народот кон владата.

Првите 100 дена поминаа доста турболентно, незадоволството на граѓаните и протестите беа одраз на лошто управување на државата, загубите и неуспесите на власта.

Дека неуспешно поминаа 100-те дена на владата на СДСМ и премиерот Заев говори и фактот што владата за денес најави очет, и покрај тоа што нејасно е кој проект ќе го претстави како реализиран и со што ќе се пофали, бидејќи овие 100 дена се денови на протести и загуби, и најлоши 100 дена која што може да ги има било која влада до сега.

Најнови вести