Општина Аеродром, фондацијата Конрад Аденауер и Правниот факултет „Јустинијан Први“ – Скопје денеска ќе го презентираат заедничкиот проект „Создавање европска општина: Политика на интегритет за 0 корупција“.
Според најавите свое обраќање ќе имаат градоначалникот на Општина Аеродром Тимчо Муцунски, официјалниот претставник на фондацијата Конрад Аденауер, Даниел Браун и деканот на Правниот факултет „Јустинијан Први“ Сашо Георгиевски.