Идеологот на СДСМ, Бранко Тричковски продолжува со својот морбиден говор на омраза. Тој досега многупати ја шокираше целата јавност, освен партијата чиј гласноговорник е – СДСМ. Ниту еднаш од челниците на оваа партија не слушнавме осуда за тоа што Тричковски го кажува, а уште помалку видовме Обвинителството да превземе нешто или ЗНМ да биде непристрасно.
Дали некој од нив ќе реагира сега?
Бранко Тричковски јавно порачува дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски заслужува да УМРЕ!
Неговиот морбиден статус на Фејсбук го пренесуваме во продолжение:
Погреб
Што ќе се случи ако од Ковид 19 (или 20, сеедно), умре Христијан Мицковски?
Погреб!
Брејкинг њуз на Алфа и Телма.
Трогателно читање на телеграмите со сочувство од Заев, Груевски, Мане Јаковлевски, Митко Јанчев.
Ненадоместлива загуба.
Нека почива во мир.
Во рајскиот свет без вонредни конгреси и оставки.
На чист воздух.
Без мафија.
Македонија ќе влезе во Европската унија и ќе го оствари идеалот за кој тој го положи својот живот на олтарот на Татковината.
Со се Гоце, да нема недорабирања.
Христијан тоа го заслужува.
Вечна му слава
Хахаха!
Па, тоа не е малку, драги мои.
Воопшто не е малку!