среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ТРИДНЕВНА ЖАЛОСТ ВО МАКЕДОНИЈА!

ТРИДНЕВНА ЖАЛОСТ ВО МАКЕДОНИЈА!

Владата на Македонија, денеска ја одржи 120-та редовна седница со која претседаваше првиот заменик-претседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби.

На седницата беше донесена одлука за прогласување на ТРИДНЕВНА национална жалост поради сообраќајната несреќа во која во Бугарија смртно страдаа 46 македонски државјани.

-Со едноминутно молчење во знак на почит кон жртвите од трагичната сообраќајна несреќа во Бугарија, и во знак на сочувство со нивните семејства, Владата на денешната редовна 120-та седница донесе одлука да биде прогласена тридневна жалост на територијата на целата држава, информираат од Владата.

За денови на жалост се прогласени денешниот ден, утре и задутре, односно од 23 ноември заклучно со 25 ноември (вторник, среда и четврток), а за време на деновите на жалост знамето на Македонија, како и на дипломатските претставништва на земјата во странство, ќе биде истакнато на половина копје.

Се одлагаат сите јавни настани, а медиумите треба да ги прилагодат своите содржини соодветно на прогласената тридневна жалост.

Најнови вести