четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Трипуновски: Ако СДСМ остане глува на барањата на земјоделците ВМРО-ДПМНЕ по доаѓање на власт ќе ги исплати сите субвенции

Трипуновски: Ако СДСМ остане глува на барањата на земјоделците ВМРО-ДПМНЕ по доаѓање на власт ќе ги исплати сите субвенции

Врие во земјоделскиот сектор во Република Македонија. Власта четири години не направи ништо за да ги подобри условите за работа на земјоделците. Четири години земјоделецот не може да го продаде произведеното, затоа што нема откуп, четири години луѓето едвај преживуваат, истакна на денешната прес-конфернција Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ.

Посочува дека и не само што не се исплатени субвенциите за минатата 2020-та година, за кои краен рок за исплата беше 30 јуни оваа година, туку доцнат и субвенциите за 2017, 2018 и 2019 година. Владата има натрупани обврски кон земјоделците, затоа што изминативе години парите од буџетот имаа други приоритети.

-Со новите даноци кои оваа власт ги воведе најсилно се погодени земјоделците во Република Македонија. Само заради Зоран Заев при секое точење гориво земјоделецот плаќа 10 денари повеќе отколку претходно, а со новата зелена такса тоа ќе бидат 14 денари. Овие 10 денари по литар гориво за земјоделецот се преголеми пари, и токму во тие пари се нивниот одземен профит, нивната живеачка. И кога им одзема се, Заев сега сака да им ја земе и земјата. Со новиот закон за продажба на земјоделско земјиште, Заев ќе ја земе земјата од рацете на индивидуалните земјоделци и ќе ја даде во рацете на грст моќници. Заев со овој закон сака да поаргати повеќе од 100.000 граѓани ширум Република Македонија. Ситуацијата е очајна, а главниот виновник за тоа е Зоран Заев. Вети и излажа загарантиран откуп и високи откупни цени. Ниту загарантиран откуп има, ниту загарантирани откупни цени, ниту инвестиции, ниту модернизација во земјоделството. Само солзи, чемер и јад, нагласува Трипуновски.

Од тие причини ВМРО-ДПМНЕ сочувствува со земјоделците, и ги поддржува нивните барања за исплата на заостанати субвенции и мерки, повлекување на законот за зелена такса, повлекување на законот за продажба на земјоделското земјиште и воведување на заштитни цени за сите земјоделски производи.

Доколку власта и понатака остане глува и на овие барања. ВМРО-ДПМНЕ ги уверува земјоделците дека по доаѓањето на власт ќе ги исплати сите заостанати обврски на име субвенции и мерки, ќе ја укине зелената такса доколку власта успее сега да ја протурка, ќе изврши ревизија на сите штетни закони и ќе се избори за сигурен пласман на земјоделските производи, едноставно како и во минатото и сега ќе останеме сигурен партнер на земјоделците.

Не се сите исти. Време е за одговорен пристап. Време е за Македонија за сите луѓе!

Најнови вести