недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Трипуновски: Цената на неспособноста на владата и Николовски ја плаќаат вработените во МЗШВ, со поништување на Колективниот договор се кршат работничките права на околу 1.000 лица

Трипуновски: Цената на неспособноста на владата и Николовски ја плаќаат вработените во МЗШВ, со поништување на Колективниот договор се кршат работничките права на околу 1.000 лица

Со поништување на Колективниот договор, владата на СДС и Љупчо Николовски на околу 1.000 вработени во МЗШВ им ги ускратува работничките права. Владата и Николовски го угушуваат социјалниот дијалог и директно забрануваат колективно делување на работниците што е спротивно на сите европски и меѓународни правила, реагира Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ.

Во продолжение следува интегрален текст од неговиот статус на Фејсбук

Образложението дека Колективниот договор се поништува само поради тоа што претходниот министер немал надлежност за негово потпишување е паушално.

И самиот Николовски кој денеска го поништува Колективниот договор во 2021 година кога беше потпишан го поздрави наведувајќи дека е лично задоволен и дека со него се регулираат правата, обврските и одговорноста на сите вработени во МЗШВ и службите во Шумската полиција.

Воедно, Николовски во 2016-та година како дополнителен заменик министер држеше прес конференции во кои изјавуваше дека тогашната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ не води грижа за вработените во институциите под Министерството, за денеска после 7 години да поништи Колективен договор со кои се уредуваат прашања побрзани со плати и други материјални работи, работно време и организација на самата работа, одмори, заштита при работа и други социјални права на работниците.

Барам веднаш да се прекине со ова и да не се кршат правата на работниците. Устите во опозиција им беа полни со ветувања, а денеска единствено што гледаме е дека се било лага.

Наместо Николовски да ги подобри условите на вработените, да ги почитува и унапреди нивните права,  да ги зголеми платите, да го подигне стандардот, тој удира врз вработените во министерството.

Кога веќе решил Николовски да крати, би му порачал наместо да ги крати правата на работниците, да започне да крати од криминалот кој го прави изминатите години и шетањето на државен трошок.

Цената на неспособноста на СДС и Николовски ја плаќаат вработените во МЗШВ и земјоделците.

Знаејќи  колку се неспособни, сметам дека ова е само почеток, и затоа повикувам разумот да преовладее, бидејќи со ова се ствара револт, страв и паника кај вработените во МЗШВ.

Оваа влада мора да замине час побрзо.

Промените се потребни повеќе од било кога.

Доаѓа време на одговорност и јас ве убедувам дека никој нема да биде поштеден!

Најнови вести