Дебарското езеро е езеро кое е доведена во најочајна состојба поради неспособноста на владата на Зоран Заев и раководството на АД ЕЛЕМ. Дебарско езеро е буквално пресушено езеро, со пад на нивото на водата од цели 18.22 метри, изјави денеска Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ.
Тој посочи дека катастрофата е дотолку поголема, ако се знае фактот дека истото од раб на целосно пресушување е само 1.78 метри, толку е разликата од моменталниот водостој и минималната кота на Дебарското езеро.
-Состојбата во која е доведено езерото изискува поголем период на полнење и водата од истото во наредниот период е исклучително опасно да биде користена за производство на електрична енергија, секако доколку не се сака целосно пресушување на езерото. Имајќи во предвид дека оваа влада не се грижи за ништо што е национално можеме да претпоставиме само како ќе завршат и езерата во Република Македонија. Снимките веќе ги гледаме по социјалните мрежи, како целосно изумира рибниот фонд, е е уште една катастрофа, која е резултат на пресушеното езеро. Состојбата со Дебарското езеро е уште полоша доколку се посматра низ процес на сврзани садови со Преспанското, Охридското и езерото Глобочица, од кои сите се со намален водостој, и за да се наполни истото е потребно симултано полнење на сите три гореспомнати езера. Што мислеше Зоран Заев и СДСМ кога ги празнеше езерата за профит и кој ќе одговара за оваа еколошка катастрофа која ни се случува во моментов?! Зоран Заев е главниот виновник за ова што се случува, затоа се што фати исуши, вели Трипуновски.