Езерото Калиманци е пресушено во целост. Од 120 милиони метри кубни вода колку што е капацитет на истото, во моментот имаме само 19 милиони метри кубни вода. Тоа значи дека власта ја десеткувала акумулацијата, изјави Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ.
Тој посочи дека Калиманското езеро е доведено на раб на пресушување и до раб на биолошки минимум.
-Претераната потрошувачка на вода со цел производство на струја во летниот период придонесе Македонија да се соочува со најголемата криза во последните децении. Езерото не е оперативно. А иста е состојбата низ цела држава. Доколку зимото кое е пред нас нема доволно врнежи се доведува под знак прашалник дали воопшто ќе биде исполнет капацитетот на акумулацијата. А со тоа се доведува во прашање како понатамошното производство на струја од истото, така и наводнувањето на земјоделските површини долж реката Брегалница од Виница и Кочани па се до Велес односно со тоа се загрозени директно илјадници земјоделци кои што егзистираат од оваа дејност, нагласи тој.
Трипуновски вели дека Зоран Заев и СДСМ ја ставаат цела држава во залог.
-Македонија тоне со СДСМ. За оваа проблематика веќе алармиравме во текот на пролетта, но ниту тогаш ништо не се презема и затоа сме денес каде што сме. Потребен е итно стратешки пристап на проблемот, со аматеризам со кој пристапува СДСМ само се влошува состојбата со акумулациите ширум Република Македонија, изјави Трипуновски.