Моите конструктивни забелешки во однос на цената на грозјето за вранец и смедеревка на лозарите од Тиквешијата, како и барањето за 2 денари дополнителни субвенции за предаден килограм грозје, вродија со плод. Ковачевски и Николовски денеска на прес конференција го прифатија моето барање откако реагирав за ниските откупни цени на грозјето кои претходно ги договорија со винарите, посочи Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ.
„Лозарите ќе добијат плус 2 денари по килограм предадено грозје благодарение на брзото реагирање, но сметам дека цената на грозјето и понатаму е ниска, а нема ниту сигурен пласман на грозјето.
Воедно, ова не е победа на Ковачевски и Николовски, субвенциите од 2 денари за килограм грозје ги воведе владата на ВМРО-ДПМНЕ и тие на тој начин станаа пракса. Ова не е нешто со што треба да се фалат од власта, туку ова е нивна обврска која мора да ја испочитуваа.
Доколку не реагирав навремено, парите ќе завршеа во нечии џебови на високите владини функционери, наместо кај земјоделците.
Продолжуваме да се бориме за враќање на достоинството на земјоделците во државата и вреднување на нивниот труд и мака“ – посочи тој.