петок, 8. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Трипуновски: Македонија од година во година е се позависна од увоз на храна

Трипуновски: Македонија од година во година е се позависна од увоз на храна

Македонија од година во година е се позависна од увоз на храна. Во последниве 5 год.(2016-2021) сточниот фонд на говеда се намалил за 84.000 говеда, истакнува Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Од друга страна увозот на млеко и млечни производи за последниве 7 години (2014-2021) се зголемил за 118%

Нашите земјоделци -сточари од година во година го намалуваат своето стадо заради лошите и погрешни политики на власта, а тоа од друга страна значи дека нашите сограѓани и нашите најмили (децата) пијат увозно “млеко” со сомнителен квалитет.

Уште еден аргумент кој нанесува огромни штети и во земјоделството и врз стандардот и здравјето на нашите сограѓани , а тоа е повеќе од доволна причина актуелнава власт да си замине час поскоро“ – истакна тој.

Најнови вести