вторник, 14. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Трипуновски: Владата купува 3 тони кафе и 700 килограми апетисани, а крати од субвенции и инвестиции во земјоделството

Трипуновски: Владата купува 3 тони кафе и 700 килограми апетисани, а крати од субвенции и инвестиции во земјоделството

Владата купува 3 тони кафе и 700 килограми апетисани, а крати од субвенции и инвестиции во земјоделството. Срамота!!!

Аздисаноста на власта и неоткажувањето од луксуз ги остава македонските ниви без соодветно наводнување во иднина. СДСМ крати 36 милиони денари од секторот Водостопанство, 30 милиони од проектот ХЕЦ Злетовица и 31 милион од проектот Јужно Вардарска долина.
Скратени се пари и од субвенции. Вкупно 30 милиони помалку за субвенции и капитални трансфери.

Трајане, Љупчо каде плови овој брод на кој вие сте капетани знаете ли!? Јас ќе ви кажам, не плови! Сидрото на вашиот шеф го укотвило во немирно море.

Од ден во ден наместо решенија за излез од кризата барате начин како да им земете на земјоделците, на граѓаните.

Тактиката на СДСМ е осиромаши го народот, а потоа дели хуманитарни пакети. Земјоделците се категоријата која најмногу ја осиромашивте и продолжувате да ја осиромашувате.

Наместо инвестирање и поттикнување на раст, со измените во буџетот за земјоделие кратите милиони наменети за развој.

Во ек на криза треба да се крати од луксузи, патувања, автомобили, мебел, апетисани итн. Но не и од земјоделците, кои се категорија од над 100 илјади граѓани и категорија која треба да произведе храна и да ја прехрани нацијата.

Земјоделците заслужуваат подобро!, реагира дополнителниот заменик за земјоделство шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски.

Владата купува 3 тони кафе☕ и 700 килограми апетисани?, а крати од субвенции и инвестиции во земјоделството?….

Gepostet von Цветан Трипуновски am Samstag, 25. April 2020

Најнови вести