Денес Скопје за жал го зафати големо невреме кое што причини голема материјална штета на приватни станбени објекти и на деловни објекти на територијата на Град Скопје. За таа цел во општините на Град Скопје веќе се формирани кризни штабови кои што заедно со јавните и комуналните претпријатија се излезени на терен и ја санираат штетата која што е настаната, вели Цветан Трипуновски во вечерашното вклучување во дневникот на Канал 5 телевизија.
Трипуновски апелираше вклучување на владата и институциите под нејзина надлежност се со цел проценка на штетите и обештетување на граѓаните од невремето кое го зафати Скопје.
-Она кое што сакам да го потенцирам е дека треба власта да формира кризен штаб кој што ќе значи вклучување на Македонија Пат како е едно од поголемите јавни претпријатија, вклучување на Армијата на Република Македонија, нормално и ЕВН кои што ќе излезат на терен и ќе помогнат во санирање на овие штети и нормално тој кризен штаб ќе направи проценка на штетите односно обештетување на граѓаните, истакна тој.
Трипуновски нагласи дека власта трета година по ред троши милион евра пари на граѓаните склучувајќи договор со приватна за превенција од природни непогоди, додавајќи дека истиот е нефункционален.
-Власта трета година по ред троши над милион евра народни пари за превенција од природни непогоди, односно спречување на град, со мене го имам и последниот договор кој што министерството односно управата за хидрометеоролошки работи го има склучено со една приватна компанија за превенција на вакви штети. Значи овој договор со овие над милион евра народни пари е нефункционален и со ова сметам дека одговорност а за цела оваа ситуација е токму врз власта. Доколку овој договор и овој систем беше навремено активиран голема е веројатноста дека денеска во Скопје ќе се се случеше невреме од помал карактер кое што немаше да има вакви штети како денес, посочи Трипуновски.
„Ова не е само за градот ова е за сите земјоделски посади за кои што знаеме дека во изминатите години и покрај над три милиони евра народни пари потрошени се случуваат огромни штети кои што треба пак треба државата да ги обештети“, изјави Трипуновски.