Денеска после три години гледаме дека сите ветувања од на СДСМ и Зоран Заев остана само на хартија и речиси ништо од тоа нема реализирано, истакна од Росоман Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ.
-Се наоѓаме во Росоман, во делот на срцето на Тиквешијата, согласно активностите на ВМРО-ДПМНЕ на сите населени места за кои што разговараме за сите проблеми и сите ситуации кои што ги тиштат граѓаните на Република Македонија. Во овој дел најмногу се дискусиите беа во земјоделскиот сегмент, рече пред жителите членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Цветан Трипуновски.
-Сакам само накратко да потсетам дека граѓаните од оваа општина не забораваат за сите лажни ветувања кои што ги даде Зоран Заев во предизборието 2016 година, каде што со тогашниот министер Љупчо Николовски ветуваше сигурен пласман и откуп на земјоделските производи, повисоки цени на истите и многу други безброј проекти кои што ќе значат посигурен живот на земјоделецот во Република Македонија, рече тој.
-Денеска после три години гледаме дека сите тие ветувања остана само на хартија и речиси ништо од тоа нема реализирано, потенцираше Трипуновски.
-Она што ние сакаме да им го ветиме и во разговорите со граѓаните од оваа општина и во цела Република Македонија е дека ВМРО-ДПМНЕ работи на сериозна програма која што ќе биде понудена во изборниот период и нормално кога ќе формираме влада на 12 април после победата на ВМРО-ДПМНЕ сите вие проекти кои што ќе бидат реални и остварливи ќе значат еден достоинствен земјоделец кои што навистина ќе биде ценето целата држава односно од целата влада. Затоа што земјоделците се еден од столбовите на економијата во Македонија и навистина тие заслужуваат да бидат на пиедесталот, а не како сега на дното на листата на Зоран Заев кој што гледаме дека е најдобар само во крадење на државните пари, во уништување и распродавање на државните интереси, додаде тој.
-За нас, ВМРО-ДПМНЕ, земјоделецот бил и ќе остане на врвот на приоритетите, порача членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Цветан Трипуновски.