четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Трогателно сведоштво на родилката која остана без неколку органи по породувањето во Струга

Трогателно сведоштво на родилката која остана без неколку органи по породувањето во Струга

Сторијата на Ј. Веапоска од Дебар е случај кој ги отсликува состојбите во македонското јавно здравство: корупција, нестручност, немање државна контрола врз лекарите и здравствените процеси и, на крај, непоправливи последици за пациентите.

За СИТЕЛ таа ја раскажа својата приказна.

Жената била бремена со второ дете и бременоста ја следела кај докторот, гинеколог Мухамед Асани во негова приватна ординација во Струга, која се наоѓа во неговата приватна куќа. Едновремено, освен што врши приватна гинеколошка пракса, Мухамед Асани е директор и гинеколог во струшката болница.

– Јас сум Ј. Веапоска 28 годишна од Дебар. Исто сум медицинска сестра, работев во Итна медицинска помош во Дебар. Цела бременост ми беше се океј, и пред тоа немав никакви проблеми ниту никакви заболувања . Тоа го имам како доказ од матичен лекар, сите документи. Заминав кај докторот кој што целата бременост ми ја водеше во неговата приватна куќа, бидејќи како последица на короната,  тој рече подобро дома да се прегледуваш кај мене. Му наплаќав него приватно, се до крајот на бременоста ми кажуваше дека се е океј, немаш никаков проблем, но поради првата цезареа, ќе те породиме и сега исто со царски рез, раскажува Веапоска.

– Ми закажа термин, на истиот термин, на 27 август во 08:00 часот сабајле, јас бев во струшката болница. Ми направија анализи, кои тие анализи ги платив приватно, а сум здравствено осигурна. После тоа, ме земаа во породилното за да ме спремаат за пораѓај. Пред мене имаше друга родилка, која се пораѓаше.

По породувањето родилката чувствува големи болки и има крварење кое не запира…

Најнови вести