вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Трошење пари пред избори?

Трошење пари пред избори?

Заспани 3 години, се будат пред избори.

Не отварам врата, ќе ми го асфалтираат ходникот, на смеа ќе рече тетка Маре.

Ништо поразлично не е ни во Аеродром.

Градоначалникот се разбуди од зимски сон и после 3 години сфати дека нешто треба да направи.

Но за жал, ќе биде запаметен како единствен градоначалник во Аеродром без ниту еден капитален објект во својот мандат. Градоначалник за шминка и украсување, со дебела провизија.

За среќа, замина во историјата. Но за жал, таква е матрицата на СДСМ, различен лик, исти постапки.

Податоците од буџетот во 2018, 2019, 2020 и 2021 година покажуваат дека златко Марин имал на располагање околу 80 милиони евра и направил НИШТО.

Податоците од Бирото за јавни набавки покажуваат дека склучил договори во вредност од 15 милиони евра, од кои само 1.7 милиони евра во 2018 и фантастични 5 милиони евра за 8 месеци во 2021 година.

Општина Аеродром стана општина во која “квалитетот” е главен критериум за добивање на тендер. Принципот за најниска цена одамна не се применува, дури ни за тоалетна хартија. А квалитетот секогаш сомнителен, гледаме сите. Фотелјата очигледно бара “квалитетна” хартија.

Анализите на спроведените тендери, постигнатите цени и повторувањето на исти добавувачи, експерти за бини, озвучување, клупи, корпи за отпадоци, спортска опрема и бекатон коцки, отвараат сериозни сомнежи за злоупотреба на буџетски средства од страна на надлежните и за скоро време ќе треба да дадат одговор, но и да понесат одговорност.

Се е по закон и тие се цените не е прифатлив одговор. За непазарни цени, десетина пати повисоки од пазарните, ќе се одговара.

Со само 20% заштеда на јавните набавки, на потрошени 15 милиони евра, ќе имало дополнителни средства во износ од 3 милиони евра, за најмалку 2 нови градинки, 4 монтажни гаражи, мерни станици за квалитет на воздухот во секое населено место, десетина нови фасади на згради, нови катчиња за повозрасните… Но тоа го нема.

На Аеродром му треба посветено и домаќинско работење, од прв до последен ден.
Будење пред избори е веќе видена приказна и не проаѓа кај граѓаните.
Градоначалникот се избира за четири години и токму во тој период, во континуитет, гласачите очекуваат негова искрена, посветена, домаќинска работа.

Токму таква промена ќе види Аеродром после локалните избори.

Колумна на Дејан Митески

Најнови вести