петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ЦУК: Активен еден пожар, вчера регистрирани 39 пожари

ЦУК: Активен еден пожар, вчера регистрирани 39 пожари

Активен е еден пожар од вкупно 39 што се регистрирани вчера во државава, информира Центрот за управување со кризи (ЦУК).

-Во текот на вчерашниот ден, противпожарните тимови интервенирале на 39 пожари на отворен простор и 38 изгаснале, некаде заеднички – здружени од повеќе општини, а и со помош од месните жители, како и со воздухопловна поддршка од ДЗС и МВР, се наведува во соопштението.

Утрово, како што посочуваат од ЦУК, активен се уште е еден пожар, во Општина Македонски Брод, во пределот над село Белица, каде што гори ретка борова шума на тешко пристапен терен.

При вчерашните 39 пожари, на територијата на целата држава, гореле сува трева, ниска вегетација, деградирана, а и мешана и квалитетна борова шума, лозја, овоштарници, капини, депонии, отпадоци и слично.

-Еден од посериозните пожари на отворено беше меѓу Лозово, Велес и Свети Николе, заради што, уште вчера рано утрото, директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, ангажираше и воздухоплови, при координацијата на барање на градоначалникот на Лозово. На теренот дуваше силен ветер заради што храбрите пожарникарските тимови од три страни – општини, со пожарот се бореа со воздухопловна поддршка од еден хеликоптер на МВР и два авиона на ДЗС што Ангелов ги упати да гаснат запалена квалитетна борова шума. Дежурните противпожарни тимови, заради метеоролошките ветровити услови и природата на вегетацијата, дури и после локализирањето на пожарот, во текот на ноќта до утрото, догасувале на местата каде што ќе се појавело жариште, се посочува во соопштението од ЦУК.

Најголема бројка пожари имало во Општина Куманово: 13 вкупно и сите се изгаснати.

Изгаснатите 38 пожари од 39-те вчерашни, во државата, биле во:

– Општина Арачиново, кај с.Арачиново (каде што гореле отпадоци и сува трева);

– Општина Бутел, кај х. „Њу Стар“, с.Визбегово (депонија);

– Општина Гази Баба, 3, с.Трубарево (сува трева), покрај автопат Скопје – Велес (сува трева) и Депонија Вардариште (ѓубре);

– Општина Сарај, 2 кај с.Кондово (мешана шума, грмушки и трева) и повторно кај с.Кондово (шума);

– Општина Илинден, 2, с.Ајватовци (сува трева) и с.Бучинци (стрниште);

– Општина Ѓорче Петров, кај Обиколница Волково (сува трева); – Општина Студеничани, с.Драчевица (мешана шума);

– Општина Струмица, с.Баница (ѓубре);

– Општина Босилово, меѓу с.Петралинци и с.Ѓечерлија (лозје и необработливо земјоделско земјиште); – Општина Василево, с.Добрашинци (капини);

– Општина Радовиш, с.Воиславци (ореви, капини и сува трева);

– Општина Охрид, с.Косел (ѓубре); – Општина Велес и Лозово, на просторот меѓу с.Иванковци, с.Мамутчево и с.Милино (сува трева, трње, стрниште и борова шума);

– Општина Лозово, с.Каратманово-с.Милино (борова шума);

– Општина Свети Николе, с.Немањици (стрниште и сува трева);- Општина Кавадарци: с.Сирково (сува трева);

– Општина Кочани, 3, кај с.Чифлик, с.Теранци и кај с.Борилчево (сите стрништа и сува трева);

– Општина Куманово, 13 поѓари, кај с.Шупли Камен (сува трева) населба „Карпош“ (сува трева), с.Тромеѓа (сува трева), с.Пчиња (стрниште и сува трева), с.Љубодраг-с.Романовце (стрниште и сува трева), с.Шупли Камен-с.Клечовце (сува трева), Амбар Маало (стрниште и сува трева), с.Агино Село (сува трева), с.Романовце (стрниште), кај Спомен Костурница (стрниште и сува трева), Авто сервис „Висто“ (сува трева); покрај ул.„Јоско Илиевски“ (сува трева) и кај с.Пчиња (стрниште). – Општина Липково, с.Никуштак (стрниште и сува трева) и во – Општина Старо Нагоричане, с.Старо Нагоричане (нискостеблеста шума, стрниште и сува трева).

Најнови вести