понеделник, 18. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ЦУК: Вчера изгаснати 45 пожари на отворено, а викендов вкупно 71 пожар

ЦУК: Вчера изгаснати 45 пожари на отворено, а викендов вкупно 71 пожар

Во текот на вчерашниот ден биле регистрирани 45 пожари, а вкупно за викендов имало 71 пожар, при што гореле стрништа, сува трева, ниска вегетација, мешана шума и борова шума и депонии во речиси сите општини.

Според информациите што стигнале до Секторот за операции и координација во Центарот за управување со кризи (ЦУК), противпожарните тимови, некаде помогнати и од месното население, а и со поддршка на воздухоплови на ДЗС и на МВР, ги изгаснале сите пожари на отворено што гореле овој викенд и беа опасност за граѓаните, материјалните и природните добра во државата.

Најнови вести