Од понеделник патниците што ќе пристигнат на турските аеродроми за да влезат во земјата ќе треба да покажат негативен тест за Ковид-19, не постар од 72 часа. Мерката за задолжителен негативен тест ќе биде во сила до март.
Мерката од 30 декември се воведува и за сите патувања по копно и по море. Ако патниците не покажат негативен тест ќе бидат ставени во карантин. Оваа мерка важи за сите граѓани, па така и за македонските граѓани.
Досега за патување во Турција не беше потребен негативен тест.
Додека патниците кои пристигнуваат од Велика Британија, Данска и Јужна Африка ќе мора да покажат негативен тест и да бидат најмалку седум дена во карантин, додека повторно не се тестираат.
Турција е една од земјите со највисока стапка на инфекција во светот, со неделен просек од 20.000 новозаболени дневно. Од последици на Ковид-19 починаа 19.371 лице.