Премиерот Зоран Заев, уште пред да дојде на власт ветуваше големи реформи во судството. По едно неуспешно тело за реформи, формира ново, па ги зема работите во свои раце, но ништо не направи.
Но тоа не му сметаше на премиерот на трибина во Пробиштип, да тренира строгост и да ги плаши судии, индиректно кажувајќи како работат судиите сега, односно како ќе треба да работат кога ќе сме станеле членка на ЕУ, јавува телевизија Алфа.
Заборави ли премиерот, дека тој е на чело на телото кое вети уште пред една година дека ќе го реформира судството, но тоа во изминативе 4 месеци не се состана. Како судат судиите, кој им врши притисок и ги спречува да судат по устав и по закон? Овие прашање се наметнуваат по настапот на Заев, на трибина за промена на името, каде во својот говор вети дека приемот на земјата во европското семејство ќе значи и независно судство.
-Судијата кога ќе одлучува ќе знае дека секој ќе му ја гледа пресудата. Секој ќе чита во рочиште, секој ќе знае кои биле доказите, па нема да може да фаќа кривини. Има да носи одлуки по Устав по закон и по сопствено убедување и ќе го правда до крај и судијата и обвинителот – рече претседателот на Владата.
Колку судовите се изложени на политички притисок јавноста повеќепати беше сведок, дека Кривичниот, Апелациониот суд, сите бил под директни или индиректни закани. Вчера уставен судија сведочеше јавно дека за одлуката за референдумот, дури 7 негови колеги биле повикувани на состанок изминативе денови пред Судот да одржи јавна седница. Во сите извештаи на ЕУ како најслаба карика во системот е судството. Земјите членки на Унијата секој момент го користат да не потсетат дека Македонија со промена на името нема да стане дел од ЕУ, ако не се стави крај на корупцијата и криминалот и не завладее правото, стои во текстот на Алфа.