недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

(Твитер преписка) Ковачки до Манчевски: Зборувате за почитување на мерки, а половина партиско раководство ви е во изолација

(Твитер преписка) Ковачки до Манчевски: Зборувате за почитување на мерки, а половина партиско раководство ви е во изолација

-Мицкоски опнал 3-4 вискија во кафана, па ни кажува како треба. Како што не ги разбира мерките, можел и да тргне врата до врата, пишува на социјалната мрежа на Твитер министерот за информатичко опшество Дамјан Манчевски, кој што инаку е во самоизолациија поради тоа што претходно имаше контакт со свои сопартијци кои што се позитивни на коронавирус.

На ваквата негова објава изреагира кандидатот за пратеник во ИЕ2 Драган Ковачки кој што го посоветува министерот дека не му доликува неговото однесување, кога нивниот генсек е во Берово, а пола негова партија е во самоизолација.

-Прво, министер сте и не Ви доликува уличен речник. Второ, зборувате за почитување на мерки, а половина партиско раководство ви е во изолација, техничкиот премиер дури по втор пат. Генсекот што прави во Берово?, реагира на твитер објавата на Манчевски, кандидатот за пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки.

Најнови вести