понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Твитер заедницата алармира: Ноќва ќе се руши споменикот на скопскиот плоштад?

Твитер заедницата алармира: Ноќва ќе се руши споменикот на скопскиот плоштад?

Целата македонска Твитер заедница алармира дека поради доаѓањето на Коѕијас, ноќва ќе биде направен обид да се сруши споменикот на Александар Македонски кој се наоѓа на плоштадот Македонија во центарот на Скопје.

На Твитер и Фејсбук се објавуваат фотографии од огромен кран со носивост од 80 тона кој е способен да го крене целиот споменик.

Според Твитер заедницата кранот е од моделот KATO NK 800 и е донесен од Бугарија специјално за оваа намена. Истите пишуваат дека и полицијата се подготвува за овој чин и за реакцијата на населението.

Македонците веќе најавија дека по секоја цена ќе го спречат тргањето на споменикот и омаловажувањето кое тој чин би го направил македонскиот народ.

После објавите на Твитер заедницата, народ почна да се собира на плоштад.

ИЗВОР-РЕПУБЛИКА

Најнови вести