понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Учество на поранешниот претседател Иванов на Еко-климатски самит во Анкара

Учество на поранешниот претседател Иванов на Еко-климатски самит во Анкара

Поранешниот претседател на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов учествуваше на Еко-климатски самит во организација на Стопанската комора на Анкара кој се одржа во Анкара во периодот 30-31 март 2022 година.

Во фокусот на Еко-климатскиот самит беа климатските промени кои влијаат на нашата природа и на нашите економии, а Стопанската комора на Анкара го организираше настанот со цел да се крене вниманието за постигнување на заеднички стратегии за борба против климатските промени како една од најголемите закани со која се соочува светот и човештвото. На самитот учествуваа поранешни претседатели и премиери, министри, политичари, амбасадори, претставници на меѓународни организации, претставници на стопански комори, професори, бизнисмени и др.

Претседателот Иванов во обраќањето на свеченото отворање на Еко-климатскиот самит нагласи дека повеќето истражувачи, научници и филозофи се согласни со фактот дека, ако не преземеме нешто веднаш, ќе има уште повеќе суши, глад, раселени лица, а тоа ќе предизвика уште повеќе конфликти во наредните децении. Тој рече дека веќе три децении светските лидери одржуваат самити за климатски промени за да видат што можат да направат во врска со овие проблеми. Владите преземаат обврски, се обидуваат да одговорат на климатските промени. Но, покрај обврските на властите, постојат обврски и за сите поединци и дека секој поединец треба да тргне од себе. Претседателот Иванов потенцираше дека треба да се надеваме дека сеуште имаме време да ги избегнеме најлошите последици од климатските промени. Во овој момент најнеопходно ни е да имаме доволно мудрост и волја барем да ги запреме штетните последици и да не продолжуваме да се движиме кон пропаст на нашата планета и на нашата цивилизација.

Во текот на посетата претседателот Иванов оствари средби со Градоначалникот на Анкара, Претседателот на Унијата на турските комори и стокови берзи – ТОББ, Претседателот на Турската агенција за соработка и развој – ТИКА, Претседателот на Стопанската комора на Анкара, поранешни претседатели и со други учесници на самитот.

Најнови вести