Од 15.30 часот е укината забраната за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец крак Маврово – Дебар, информираа од АМСМ.
Засега останува во сила забраната за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец А2 Гостивар – Кичево преку планинскиот превој Стража, воведена поради врнежи од снег.