недела, 14. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Укинати забраните за камиони на Тетово-П.Шапка и Маврово-Дебар

Укинати забраните за камиони на Тетово-П.Шапка и Маврово-Дебар

Забрана за сообраќај за тешки товарни возила има на патниот правeц Гостивар – Кичево, преку планинскиот премин Стража.

ЗАБРАНИТЕ ЗА СООБРАЌАЈ НА ТЕТОВО – ПОПОВА ШАПКА И КРАК МАВРОВО – ДЕБАР СЕ УКИНАТИ.

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, на некои повисоки места во северозападните делови, југозападните и источните делови од државата со остатоци од кашест снег на коловозот.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Од 15 ноември стапи на сила законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на временската состојба. Оваа обврска ќе трае до 15 март 2019 година. На овој линк ќе најдете повеќе информации што се подразбира под зимска опрема.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде се бележи појава на утринска магла, а исто така зголемена е и можноста од појава на одрони. На осојничавите места коловозите се наместа влажни, па поради ниските температури карактеристични за вечерните и утрински часови постои можност и од појава на голомразица

Најнови вести