недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

УМС со пародија пред Владата: Ги најдовме Луј Витон торбите кај Заев, еве пари за кичма

УМС со пародија пред Владата: Ги најдовме Луј Витон торбите кај Заев, еве пари за кичма

Главното прашање која ја мачи македонската јавност веќе подолг период е каде се парите од рекетот собрани во скапите Луи Витон торби. Еве денес можеме да соопштиме дека беа најдени, и тоа кај Мирчо Свињарникот во Струмица. Сите 8 торби Луи Витон , во секоја по еден милион евра Рекет. Овие пари ги донесовме овде пред владата, кај сопственикот на тој рекет. Така важи правилото за бон тон- Изгубеното секогаш се враќа кај сопственикот.
Од овие пари има за сите, порача од денешната пародија пред владата од УМС на ВМРО-ДПМНЕ.

Нормално најголем дел од нив припаѓаат кај оној кој највеќе се измачил за овој рекет браќата Далтон Зоран и Вице Заев.

Од овие рекетирани пари може владата на Зоран Заев да си купи и кичма, бидејќи оваа ја искривија и целосно ја расходуваа.

Од рекетираните пари може да си купат и нов мерцедес, зошто овој не го продадоа, а нели мачки и го изгребаа.

Од рекетираните пари може да се подмират дури и Рускоска и Кацарска, зошто не бива да се утепуваат од водење прогон, а евро да не припадне за нив. Нека ја копираат Заевата братска делба: евро за Рускоска, евро за Кацарска.

Од овие пари има и за нови сателит партии на Зоран Заев, иако таквите може и од свој џеб да се финансираат.

Од рекетираните пари ќе има и за нови жардињери и цвеќиња зошто на тендер се трошат 2.5 милиони евра државни пари.

Од рекетираните пари може да се финансира и нова луда забава за правење на мафини на Коста Петров, Мила Царовска, Сања Лукареска додека народот гладува. За нив поважни се мафините од изградбата на нови студентски домови.

Овде има пари и за лекување на фобијата на Дамјан Манчевски од мотика.

Овде има пари и за нов тендер на Филипче и скап пејач и луди забави на Шилегов. Ах извинете впрочем нив и не им требаат пари, веќе направија со тони.
Се разбира ние мислиме за Шекеринска. Овде во Луi Витон торбите има пари и за проширување на викендицата во Маврово, бидејќи 300 квадрати не се доволни.
Ќе има и за нови скијања за семејството Заеви, за нови чевли кои треба да се купат и наредат овде пред владата за да се прикажат оние 200 илјади кои не напуштија за 3 години никогаш нема да се вратат .
Овде има пари да си купат и за ново достоинство и чест.

Всушност треба да разберат дека тоа не се купува исто како и чистиот образ.

Шегата настрана

Да се вратиме во реалноста.

Ги оставаме торбите да се спакуваат и да си заминат. А мора да си заминат за да повеќе младите не си заминуваат, за да може младите да ја исправат кичмата која тие ни ја виткаат. За да може да се избориме за достоинство, разбирање и шанса која им треба на младите. 12 ти април е одговорот.

Најнови вести