По повод почетокот на новата учебна година традиционално и оваа година Унијата на жени на ВМРО ДПМНЕ ја спроведува хуманитарната акција за посета на многудетни семејства на кој им се донира комплетен училишен прибор потребен за ученици – изјави Жаклина Пешевска пратеник во Собранието и претседател на УЖ на ОК Гази Баба.
Унијата на жени на ВМРО ДПМНЕ и во наредниот период ќе продолжи со организирање и поддршка на настани од хуманитарен карактер со кој ќе помогне на семејства од социјален ризик.