четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Уште двајца играчи се радуваа на милионер Џек Пот

Уште двајца играчи се радуваа на милионер Џек Пот

Двајца нови играчи го збогатуваат кругот среќни добитници на ДВЛМ. Новите милионери кои се стекнаа со Милионер Џек Пот на ДВЛМ ни доаѓаат од Битола и Пехчево.

-Бројот на играчи кои стигнуваат до најпосакуваната добивка во Македонија и понатаму расте. Деновиве го очекуваме и новиот среќен добитник, а во меѓувреме бевме домаќини на играчите од Битола и Пехчево кои пристигнаа во ДВЛМ да го подигнат чекот на добитниот износ. На 24 март кај нашиот деловен соработник Бет Ту Мар во Битола, во 22 часот освоен е МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ вреден 1.305, 721,00 денари. На слична добивка се радуваше и Д.М. од Пехчево. Овој МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ беше освоен на 29 март во 23:06 кај нашиот соработник Лепаченце во Пехчево. Кој ќе биде првиот милионер за април, ќе дознаеме многу брзо. Фондот за МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ е веќе полн, па ние секој момент ја очекуваме најпосакуваната добивка која ги радува нашите играчи,  информираат од Државната лотарија.

Само за потсетување, добивките ЏЕК ПОТ, Државна Видеолотарија на РМ ги стартуваше на први јуни 2016. Добивките се постигнуваат со учество на ВЛТ игрите на среќа. Досега под мотото „Играј за забава“, освоени се 102 Милионер Џек Пот добивки во вкупен износ од 152.238.684,00денари.

Покрај нив, освоени се и 13.696 Мини Џек Пот добивки во вкупен износ од 102. 614.048,00 денари. МИНИ ЏЕК ПОТ добивките се во вредност од 5 илјади до 10 илјади денари, додека најпосакуваната МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ добивка е вредна од 1.200.000,00 до 1.800.000,00 денари.

Најнови вести