недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Освоија 143 милиони евра: Цело село во Белгија доби на Европска лотарија

Освоија 143 милиони евра: Цело село во Белгија доби на Европска лотарија

Во селото Олмен, на северот на Белгија, 165 луѓе освоија, речиси, 143 милиони евра на Европската лотарија во оваа недела, што претставува најголем групен износ како награда во историјата на земјата.

Портпаролот на „Еуромилионс“ ја „Ројтерс“ изјави дека за првпат така голема група на луѓе добила така голем износ на пари, бидејќи се проценува дека секој поединец ќе добие по околу 900.000 евра без данок.

„Еуромилионс“ е игра на среќа на националната лотарија, која се организира во соработка со лотариите од Шпанија, Португалија, Ирска, Австрија, Швајцарија и Луксембург.

Селото Олмен, според последните податоци од 2020 година, има вкупно 3.785 жители.