среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Уште еден вработен во МВР призна вина за пасошите, веднаш доби казна

Уште еден вработен во МВР призна вина за пасошите, веднаш доби казна

Уште еден обвинет во случајот Двојник призна вина. Шемседин Јашари рече дека се чувстува виновен. Судот уште денеска му изрече пресуда во висина од една година од седум месеци и забрана да работи во МВР следните десет години. Ова е шести обвинет кој признава вина.

Ова е седмо признание вина откако на минатото рочиште во средата истото го направија други петмина обвинети, а една обвинета, која од здравствени причини не дојде во судот, преку својот адвокат најави дека е подготвена да признае вина. За неа ќе се одржи посебно рочиште, а од петтемина што тогаш признаа четворица добија затворски казни од 2 до 2 години и 7 месеци. Еден обвинет од МВР, пак, доби условна казна. Меѓу оние што признаа вина е и посредникот Рамиз Мифтари, кој првично беше во бегство, а потоа се предаде.

Со вкупно 7 признанија, во случајот „Двојник“ останаа само 4 обвинети со кои понатаму ќе продолжи судскиот процес.

Обвинителниот предлог за овој случај беше поднесен на 14-ти април. Обвинетите од МВР се товарат за злоупотреба на службената положба и овластувања, а посредникот за поттикнување.

Како што тогаш соопштија од ОЈО Скопје, пасошите се издавале во периодот од јуни 2017 до крајот на 2020 година. Им биле издадени пасоши на 214 странски државјани и на еден македонски државјанин, за кој претходно министерот Оливер Спасовски посочи дека станува збор за избеганиот ексначалник на Петтата управа во УБК, Горан Грујевски.

Обвинетите издавале пасоши бидејќи, според Обвинителството, имале материјална корист. За пасошите тие, според ОЈО Скопје, користеле идентитети на македонски државјани кои досега не ваделе македонски пасоши, а се иселени од земјава или од раѓање живеат во странство и никогаш не оствариле влез во Македонија.

Со податоците од овие македонски државјани и фотографија од странците што ги добивале пасошите, обвинетите ги изработувале преку системот на МВР. Странците што ги добивале патните исправи се лица што се бараат со меѓународни потерници, но благодарение на македонските пасоши со туѓ идентитет тие можеле слободно да се движат.

Најнови вести