петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Уште една лага на СДСМ падна против Мицкоски, обвинителството констатираше – нема докази за делчевски ниви

Уште една лага на СДСМ падна против Мицкоски, обвинителството констатираше – нема докази за делчевски ниви

Основното јавно обвинителство донесе одлука за запирање на истрагата за делчевски ниви, притоа констатирајќи дека нема докази за овој предмет, и со тоа во вода падна уште една лага на СДСМ против лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.ѓ

По анализата на кривичната пријава, исказите на сведоците, исказите на осомничените како и сите обезбедени материјални докази во текот на истражната постапка, се констатира дека од конкретната истражна постапка не произлегоа ниту материјали, ниту вербални докази кои би потврдиле основано сомнение дека делата кои им се ставаат на товар на осомничените се кривични дела за кои се гони по службена должност, односно произлезе дека пријавените не превзеле дејствија кои ги сочинуваат битијата на пријавените кривични дела, стои во констатацијата на обвинителството.

Обвинувањата во медиумите беа дека парите од нивите во Делчево допираат до ВМРО-ДПМНЕ, но после донесената констатација и наредбата за запирање на истражната постапка за конкретниот предмет, станува јасно целта била намерно оцрнување на најголемата опозициска партија и на нивниоот лидер.

Паднаа во вода и шпекулаците дека истрагата е до детаљ завршена, целата комуникација е фатена и се се знае и дека за тоа точно се знае кој и како и со кој и каква улога имал во предметот ,,Делчевски ниви”.

Од крајниот епилог во целата ситуација и по одлуката на ОЈО, јавноста може да заклучи дека целта била намерна, а тоа е да се оцрни најголемата опозициона партија и нејзиниот лидер.

Најнови вести