По прогласување на епидемија на морбили во населбата Радишани, во која заболеа 5 дечиња и еден возрасен, уште едно дете заболено од мали сипаници. Здравствените власти велат дека се работи братче-близнак на детенце кое веќе боледува од сипаници.
Од минатата недела градинката „Ташко Караџа“ од страна на санитарните испектори е затворена, а 104 деца се дома и можно е да се заразени од овој вирус.
Во пунктовите на Здравствен дом е воведена вонредна вакцинација на децата кои ја немаат примено вакцината МРП и за само четири дена се вакцинирани 220 деца.
Од Здравствен дом Скопје потенцираат дека по прогласување на епидемијата во Радишани се отворени пунктовите за вакцинирање каде што граѓаните на Скопје кои не се вакцинирани можат да се имунизираат.