За утре е најавен протест за правда и лоцирање на одговорноста за пожарот во модуларната болница во Тетово во која пред две години изгореа 14 лица.
Протестот ќе се одржи во 12 часот пред Основниот суд во Тетово.
Најавата за протестот се шири на социјалните мрежи, а денеска доби поддршка и од новата партија на Изет Меџити, Демократско движење кои ги повикаа своите симпатизери да застанат рамо до рамо со демонстрантите, организирани од граѓански здруженија, револтирани од одлуките на судството во земјава.
Ова доаѓа по документарецот објавен од Истражувачката репортерска лабораторија насловен како „Убиство во Тетово“.