Под влијание на циклонска активност и утре ќе се задржи променливо облачно и нестабилно време со пороен дожд и грмежи, а на повеќе места ќе наврне поголема количина на воден талог од над 25 литри на квадратен метар за 24 часа.
Како што информираат од УХМР, локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со интензивен пороен дожд, засилен ветер над 60 километри на час и изолирана појава на град.
За време на викендот врнежите ќе бидат локални и проследени со ретки грмежи, а ќе дува и засилен северен ветер. Од понеделник времето ќе биде стабилно и потопло.