Утрово исклучена е струјата во железници, вработените пуштени дома
Порталот хроника.мк дознава дека утрово е исклучена струјата во Македонски Железници поради неплатен долг кон ЕВН.
По исклучувањето вработените во државното претпеијатие се пуштени дома, а воедно беше актуелно и дека веќе неколку месеци им се доцни со плата.
Ова претпријатие беше во фолусот и по големите плати кои ги земал менаџерскиот тим.
Саша Јовановски, директор на патнички сообраќај член на Управен одбор на МЖ транспорт АД – Скопје, со плата над 70.000 денари. Милчо Смилевски, директор на товарен сообраќај и член на Управниот одбор на МЖ, со плата над 72.000 денари. Брахим Ајваз, директор на маркетинг и продажба и член на Управен одбор на Железници, плата над 72.000 денари.
Сашко Ангеловски, директор за влеча и одржување возни средства и член на Управен одбор на Железници, плата над 70.000 денари. Шенур Османи, директор за финансиски и економски работи и член на УО на Железници, плата над 70.000 денари. Местото директор за правни работи и човечки ресурси и секако член на УО, во моментов е испразнето, а е позиција, со плата над 70.000 денари. Мајан Вејсели, генерален директор и претседател на Управниот одбор на Железници, со плата околу 75.000 денари