Утрово е најстудено во Скопје – Петровец и Берово, -3 степени, а максимални пет степени се измерени во Крушево.
Според УХМР, -2 е во Битола, Демир Капија, Струмица и Лазарополе, 0 степени е во Скопје – Зајчев Рид, Тетово, Штип и Гевгелија, 1 во Крива Паланка, Претор, Прилеп и Дебар, 2 во Охрид и Дојран, како и 4 степени на Попова Шапка, во Маврови Анови и Виница.
Висината на снежната покривка на Попова Шапка е 30 сантиметри, во Маврови Анови седум, а во Лазарополе еден сантиметар.
Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен, а долж Повардарието од северозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 15 до 20 степени.
Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе достигне до 17 степени.