четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Утврден текстот на нов Предлог-закон за странци

Утврден текстот на нов Предлог-закон за странци

На предлог на Министерство за внатрешни работи, Владата на денешната седница го утврдила текстот на Предлог – закон за странци, со кој се врши усогласување со европското законодавство во областа на миграцијата, односно условите за влез, визите, одобрувањето на престојот и враќањето на странец со незаконски престој.

Како што соопшти владинмата прес-служба, на денешната седница Владата ја разгледала и усвоила Информацијата со новиот ревидиран текст на Акцискиот план за воспоставување на надворешен механизам за контрола над работата на лицата со полициски овластувања и припадниците на затворската полиција, со кој се дефинираат клучните активности за воспоставување на надворешниот механизам, надлежните институции и временските рокови за нивна имплементација, проценка на потребните финансиски средства и нивното обезбедување во буџетот на соодветните институции.

На предлог на Министерството за одбрана, Владата ги разгледала и усвоила предлог – одлуките за испраќање на припадници на АРМ за учество во мировните операции „Одлучна поддршка“, во Авганистан, и „АЛТЕА“, во Босна и Херцеговина.

МИА

Најнови вести