сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

УЖ при ВМРО ДПМНЕ од Берово организираше хуманитарна акција во делење на посен ручек во чест на утрешниот празник

УЖ при ВМРО ДПМНЕ од Берово организираше хуманитарна акција во делење на посен ручек во чест на утрешниот празник

Денеска под мотото “Хуманоста-темел во меѓучовечките односи” УЖ при ВМРО ДПМНЕ од Берово организираше хуманитарна акција во делење на посен ручек во чест на утрешниот празник Св.Никола.

Во соработка со ресторан Мис Стон од Смојмирово,кој беше и главен покровител на настанот,УЖ во рамките на своите традиционални хуманитарни акции и активности и овој пат ја покажаа својата хуманост и грижа за оние семејства кои се социјално ранливи и на кои овој гест на хуманост најмногу им значи. Беа поделени над 100 порции ручек а граѓаните беа пријатно изненадени и истиот гест го поздравија.

Во кратката изјава што ја даде претседателката на УЖ од Берово,Виолета Марковска Димовска,најави дека во следните денови имаат уште неколку активности од хуманитарен карактер каде ќе бидат опфатени традиционално и дечињата штитеници на Мал групен дом за деца без родители во Берово како и фамилии кои имаат потреба од топла зомска облека и обувки.

Таа истакна дека грижата за нивните пријатели и сограѓани не ја забораваат и во овие органичени услови на светска пандемија и дека во овие мигови сме си најпотребни едни на други.

Најнови вести