Просечни температури и помалку дожд не очекува оваа есен. По невообиченото врнежливо лето овој месец не се очекуваат значителни врнежи, a темпратурите ќе бидат високи и над просекот.
Метеоролозите предвидуваат температурата во септември, октомври и ноември да биде во рамки на просечните за периодот 1981-2010 година со веројатност на отстапување од плус минус еден степен. Средномесечната температура за септември, октомври и ноември во просек во овој период е околу осум степени во планинските предели до 16,9 степени во Гевгелија. Просечните врнежи во овие месеци за периодот 1981-2010 година се од 127 мм измерени во Штип, до 326 мм во Лазарополе.
Првиот месец од есента, септември се очекуваат натпросечни температури до еден степен, но ќе нема значителни врнежи од дожд. Просекот се движи од 12 до 14 степени во западните планински предели, 14 во Берово, 16 Крива Паланка, 17 Прилеп, Битола и Охрид, 19 Скопје, Штип и Струмица, 20 во Демир Капија и Гевгелија.
Нивните прогнози се дека во првата декада од месецов ќе има претежно стабилно време со умерен северен ветер и температура од 23 до 32 степена. Од недела 6 септември се очекува пораст на дневната температура за два до три степеnи и ќе достигне од 26 до 34 степени.
Релативно топло време ќе се задржи и во втората декада од овој месец со мал пад на температурата за два до три степени. Метеоролозите предвидуваат и честа појава на нестабилност, со пороен дожд и грмежи. Потоа следува стабилно и тополо време со пораст на дневните темпратури за два до три степена која ќе се движи од 25 до 33 степени.
Во последните 10 дена од септември, исто така ќе биде стабилно и релативно топло со температури просечни за овој период од годината.
Сушната есен ќе преовладува секаде и просечните врнежи секаде ќе бидат под просекот. Просекот на врнежи се движи од 30 мм во Штип и Демир Капија, 40 мм во Скопје, Прилеп, Берово и Струмица, 50 мм во Охрид и Крива Паланка, 70 мм во Маврово до 80 мм во Лазарополе.скс/са/