Ова е една ненародна власт која дојде на чело на државата со многу сомнителен и непринципиелен потег, со злоупотреба на многу механизми кои, во суштина, одразуваат примитивно општество, далеку од стандардите за кои што се залагаат, а тоа е евроинтеграцискиот процес.
Ова го истакнува универзитетската професорка и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Иванка Василевска, во интервју за КУРИР, на прашањето дали очекува пролонгирање на изборите.
-Од таа причина не изненадува до последен здив да смислуваат нови сценарија и оправданија зошто би пролонгирале некој ден повеќе останување на власт. Се разбира, тие се сега распространети во сите институции на системот на високите позиции во државата и го контролираат медиумскиот простор. Имаат своја војска која ја хранат месечно и можат да си дозволат да ги употребат повторно сите тие начини на функционирање за да предизвикаат една нестабилност и да принудат да дојде до некаков нов рок за одржување на превремените парламентарни избори. Но, зборот е збор, договорот е договор. Истиот падна со посредство на претседателот Стево Пендаровски, таму беше точно утврдена динамиката со која ќе се пристапи кон неминовно отпочнување на предвремени избори, а тоа е секако и определување на терминот за формирање на терминот за техничката Влада. Од таа причина верувам дека како граѓани ќе најдеме сила да го издржиме уште некоја недела овој притисок кој ќе го создаваат и, секако, на трети јануари ќе имаме конечно формирање на Владата која ќе организира и се надевам ќе спроведе фер и демократски превремени парламентарни избори на 12-ти април 2020-та година, истакна таа.