понеделник, 20. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Васко Ковачевски заминува од ЕСМ од лични причини

Васко Ковачевски заминува од ЕСМ од лични причини

Директорот на АД ЕСМ Васко Ковачевски од лични причини поднел оставка од функцијата и на негово место на следната владина седница ќе биде назначен, Васко Стефанов.

Информацијата ја потврди премиерот Димитар Ковачевски на денешната прес-конференција во Владата посветена на годишниот извештај на АД ЕСМ.

– Сакам лично да му се заблагодарам затоа што целото свое знаење и труд и време ги вложи во менаџирањето на компанијата во една исклучително тешка и деликатна ситуација која произлезе од енергетската криза, рече премиерот Ковачевски.

За одлуката на директорот на АД ЕСМ, премиерот рече дека разговарале уште во текот на минатата година и дека утрово усно, а утре и писмено, ќе биде доставена оставката која ќе биде констатирана на следната владина седница.

вработен сум во ЕСМ, прво ке го земам одморот од 20 дена а потоа по проценка нан новиот менаџмент и министрите ке видием каде ке биде моето место бво компанијата. преферирам да се посветанма на девет деца и упсшено менаџрирање.

дали успешно сум раководел – бројките покажуваат се и во длеот на производството и во делот на финбансите. на крајот на денот проценките го … убеден сум дека успешно како држава а потоа и какнкомпаија ја изменаџиравме кризата. бевме соочени некогаш и на дневни некогаш на чавони обвсѕки пред се благодарение на анагжаманот на вработените и кои се влоќија да се стават сите капацитети во погон и ..

есм не повлече енергија туку ддае доплнбител,но…во октомври 2021 година кога цела европа беше соочени со енергетската криза и кога успеваме за 40 дена да го ставиме во функција те неготино и кој успешно помогна во надминување на енергетската криза.

наавките на есм – не се наванеи електрична енергија околу 100 милиони евра.

Ковачевски во јули 2019 година беше избран за претседател на Управниот одбор и за генерален директор на АД ЕСМ. На функцијата дојде од местото директор на РЕК „Битола“ каде што беше назначен во јануари 2018 година.

Ковачевски е дипломиран инженер по термоенергетика. Тој е поранешен советник во Советот на општина Битола во периодот од 2013 до 2014 година, како и пратеник во Собранието во два мандата од 2014 до 2016 година и од 2016 до 2017 година.

Поради пензионирање од АД ЕСМ ќе замине и Добрила Стефанова, а на нејзно место за нов член на Управниот одбор и директор на финансии ќе биде назначена Марија Пејкова.

Најнови вести