петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Вечерва без полициски час

Вечерва без полициски час

Според одлуката на Комисијата за заразни болести, а усвоено на владина седница, полицискиот час нема да важи за време на празниците Велигден и Бајрам, односно ноќта меѓу 1-ви и 2-ри мај, како и ноќта меѓу 12 и 13 мај.

Забраната за движење останува на сила во останатите денови, и според последната одлука ќе почнува еден час подоцна, во 21:00.

Според Министерството за здравство, бранот полека стивнува, се помал е бројот на заболени, а попушта и притисокот за прием во болниците.

Најнови вести