сабота, 11. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Вели дека заштедил, а направил двоен трошок: Дрски лаги на Заев, денес користел и хеликоптер и службени возила (ФОТО)

Вели дека заштедил, а направил двоен трошок: Дрски лаги на Заев, денес користел и хеликоптер и службени возила (ФОТО)

Премиерот Зоран Заев во вечерашното интервју на Канал 5 рече дека ги слушнал критиките од граѓани за денешното летање со хеликоптер до Прилеп, но вели дека леталото секако морало да лета за да ги исполните часовите, а и било поевтино отколку да патува со автомобил при што треба да го следат и уште два други автомобили.

-Видов дека граѓаните реагираа. Пилотот и леталото мора да летаат макар и празни, часовите мора да ги исполнат. Јас не бев приватно во Прилеп, бев службено. Хеликоптерот троши помалку од Заев и две коли кои го следат. Ја исполнив мојата агенда. Леталото и пилотот мора да ги исполнат часовите, рече Заев.

Оваа негова изјава е класичен обид за манипулација на граѓаните откако тие денес бурно реагираа што Заев и министри од Владата шетаа со хеликоптер во истиот ден кога коронавирусот зеде 50 жртви од Македонија.

Според математиките на Заев, поевтино било да оди со хеликоптер до Прилеп бидејќи ако оделе со службени возила ќе потрошеле повеќе. Иако оваа изјава е безмалку смешна, дури и да веруваме дека е така, Заев не призна пред јавноста дека направил всушност двоен трошок.

Имено, како што дознава КУРИР, денес до Прилеп од Скопје, за премиерот и министрите, стигна хеликоптерот, но и неколку службени возила. Како ваквото однесување да не беше доволен срам, Заев уште се обиде и да излаже дека “заштедил“ што службените возила за функционерите и нивните придружби со обезбедување не биле таму. Вистината е дека беа.

Од Владата, пак, велат дека со хеликоптер морале да заминат поради набиена агенда.

„Причината за користење на ова превозно средство е поврзана со обврските и агендите на премиерот и министрите и потребата од рационализација на времето, со цел секој од нив на време да ги заврши планираните теренски обврски и на време да може да се врати во Скопје за редовните владини и кабинетски обврски. Денешните летови се во рамки на обврските за задолжително исполнување работни месечни часови кои согласно стандардите важат и за пилотите и за леталата“, велат од Владата.

Сумирано, од Скопје кон Прилеп денес тргнале, возеле и направиле трошок неколку службени возила плус хеликоптерот. Од хеликоптер до официјалниот настан функционерите пристигнале со автомобили. Потоа, со истите службени автомобили од Прилеп заминале за Битола, па за од таму до Скопје да се вратат Заев, Филипче и Бочварски повторно со хеликоптер.

Математиката говори дека огромна сума на пари е потрошена за да си ја направат оваа екскурзија. Секако, овој трошок е исплатен од џебот на граѓаните. Па кога веќе покажаа јавна негрижа и дрскост, барем нека не ја лажат јавноста!

 

Најнови вести