среда, 3. април 2024. Вести денес: 0
home Вести

Величковска: ВМРО-ДПМНЕ секогаш дава поддршка и можност за креирање на политики на младите на локално и централно ниво

Величковска: ВМРО-ДПМНЕ секогаш дава поддршка и можност за креирање на политики на младите на локално и централно ниво

Младите се двигателот и промените насекаде во светот и во Република Македонија. Во изминатите години политиките како на Владата така и на локалната власт има најголемо влијание, но за жал има негативно влијание кај младата популација бидејќи сеуште сме на првото место по невработеност во Европа, вели Невена Величковска, советник во Советот на општина Куманово од ВМРО-ДПМНЕ на денешната панел дискусија „Младите и нивните перспективи во општините“ по повод 100 дена локална власт во организација на ВМРО-ДПМНЕ.

Величковски рече дека изминатиот период ништо не е направено во однос на младите за овозможување на секој млад човек со својата проактивност да креира и гради политики.

-Се соочуваме со ситуација во која секојдневно последните години гледаме дека ништо не се промени и ништо не се случува. Едноставно нема нови процеси и нема нови модели каде ќе може да се овозможи на секој млад човек со својата проактивност да креира и гради политики за младиот човек.

-Токму овие погрешни политики кај младите не побудуваат активности и креативност туку раѓаат фрустрација, ги прават летаргични и ги оттргнуваат од секојдневните случувања. Во едно сум сигурна и знам дека младите заслужуваат повеќе и многу подобро. Проблемите на младиот човек и од Струга и од Струмица се сосема исти и младиот Албанец од Дебар и младата Македонска од Делчево имаат проблем со невработеност, додаде таа.

Величковска смета дека ВМРО-ДПМНЕ е политичка партија која секогаш дава поддршка и можност за креирање на политики за младите како на локално, така и на централно ниво.

-ВМРО-ДПМНЕ секогаш ни дава силна поддршка, поттик и можност да креираме политики за младите како на локално, така и на централно ниво, рече таа.

Најнови вести